English button 30x15

Macedonian button 30x15

 

ResPublica е академски блог на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и претставува иницијатива за дигитално граѓанство која ја јакне улогата на академската и стручната заедница во штитењето на јавниот интерес.

Преку продукција на содржини за блог, влог, видео подкаст и други производи, ResPublica создава професионална мрежа од професори, аналитичари, истражувачи, новинари, граѓански активисти, стручњаци од различни професии, јавни службеници и студенти која ги анализира прашањата од јавен интерес. ResPublica ги проценува и презентира информациите на фактички, објективен и неутрален начин и е независен извор на ставови од академската и стручната заедница. Нејзините соработници се професионалци, кои се експерти во своите области и влијаат на креирањето на политиките за кои тие дискутираат. На овој начин, ѝ се овозможува на јавноста да формира ставови и да донесува одлуки на информиран начин.

ResPublica е бесплатен ресурс и сите граѓани може слободно да читаат, коментираат, споделуваат или реобјавуваат во согласност со нашите правила. Блогот го пополнува јазот што постои меѓу медиумите и нивната потреба за континуиран и сигурен извор на информации со цел да продуцираат длабински анализи за прашања кои инаку не би биле забележани од пошироката јавност. Затоа на медиумите им се овозможува да ги извлечат содржините од блогот и да имаат пристап до професионално разработени теми. Истовремено, ResPublica за креаторите на политиките обезбедува навремен и лесен пристап до релевантни истражувања и ставови на клучни чинители во општеството.

Конечно, академскиот блог ResPublica придонесува кон научно-истражувачката дејност на ИКС, со тоа што објавува анализи за актуелни теми и прашања поврзани со јавната дебата и со градењето на политиките во државата, промовира идеи и решенија поврзани со потребите на јавниот сектор и на индустријата и гради темелна истражувачка база која може да биде користена за процесот на образование.

ResPublica е финансиран од Британската амбасада во Република Македонија како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонијa“.

Kонтакти

info@iks.edu.mk
02 30 90 004
ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, Скопје

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не