fbpx

ResPublica видео подкаст: Загадувањето ќе се намали со користење обновливи извори на енергија

ПОДКАСТ - ЌЕ СЕ БРИШЕ

30.11.17

Прегледи

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола. Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео подкаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Веб верзија:

ТВ верзија: