fbpx

Обука за дигитално комуницирање

ВЕСТИ - ИНФО

09.02.18

Прегледи

Како поефикасно да комуницираат со целните публики преку дигитални медиуми, како да го мерат влијанието кое го имаат преку социјалните мрежи и како да ги воочат различните потреби на различните платформи за дигитална комуникација. Ова беа темите покриени на дводневната обуката за претставници на граѓански организации која ја организираше Институтот за комуникациски студии на 8-9 февруари.

Учесниците работеа и на стратегија за дигитално комуницирање, под менторство на обучувачите Славица Биљарска и Игор Атанасов. Тие во периодот што следи ќе го имплементираат наученото во рамки на нивните проекти и активности.

Обуката за дигитално комуницирање се организираше во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени", кој Институтот за комуникациски студии го спроведува во рамки на Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас.