fbpx

ИКС ја објави анализата „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“

ВЕСТИ - ИНФО

10.11.17

Прегледи

povrzuvanje so gragjanite respublicaИнститутот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата со јавноста и целните публики.

Врз основа на направената анализа, утврдени се следните главни клучни констатации: Генерално, невладините организации во Македонија се уште не ги сметаат односите со јавноста и комуницирањето со граѓаните за неопходност во нивната организациона поставеност. Капацитетите и ресурсите за односи со јавноста што ги имаат граѓанските организации укажува на тоа дека нема доволна препознатливост за користа на ваквите позиции во организацијата, како и за вредноста што односите со јавноста ја носат во севкупното нејзино работење.

Граѓанскиот сектор се уште нема вистински однос кон професијата односи со јавноста и не ја гледа нејзината вредност во своето работење, а кон стратегиите или плановите за комуницирање не обрнува целосно и сериозно внимание.

Резултатите од анализата покажаа уште еден тренд, односно тоа дека најголем дел од граѓанските организации споделуваат содржини на социјалните мрежи за самопромоција и не се занимаваат со тоа за кого ги споделуваат информациите и дали споделената содржина има некаква вредност за нивната целна публика освен

Неповрзаноста помеѓу активностите на граѓанскиот сектор со целните публики, нивната неинформираност и слабата интеракција со нив, може да доведе до уште поголемо непрепознавање на граѓанските организации како носители и заштитници на јавниот интерес во име на граѓаните на Република Македонија.

Анализата „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се реализира во рамките на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.

Документот може да се преземе на следниов линк.