fbpx
 

Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија останува иста како и пред една година. Телевизиите 24 Вести, Телма, Алсат М и ТВ 21 продолжија да ги следат политичките случувања од неутрална позиција и критички да ја опсервираат работата на јавните институции, што всушност е основна улога на професионалното новинарство кое го штити јавниот интерес. Од друга страна, кај телевизиите Сител, Алфа, ТВ Нова и Канал 5 повторно доминираат ставовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и известувањата за проектите и за достигнувањата на нејзините функционери.



Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 30 ноември до 9 декември 2016.



Двојазичноста и федерализацијата и во овој дел од кампањата беше најчесто користената тема за негативно врамување на партијата СДСМ. 

Телевизиите Сител, Канал 5, Алфа и ТВ Нова продолжија со голем број прилози да ја обработуваат темата за ‘двојазичноста’, при што кај некои оваа тема доминираше во вестите. Сите овие телевизии темата ја врамија на сличен начин, како вовед во остварување на некакво сценарио за федерализација на земјата што го предводи опозицијата.



Темите поврзани со изборите и изборната кампања доминираа во централните вести на сите медиуми. Повеќето медиуми посебно се осврнаа на темата за двојазичноста, која се наметна во кампањата, но сите тие ја анализираа од различен агол и различно ја врамија. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 21 до 29 ноември 2016.



Телевизиските вести се сведуваат на едноставно пренесување на настаните, но не и на новинарска ангажираност. Од 12 мониторирани телевизии, кај седум во прилозите се користи само еден извор на информирање (со исклучок на МТВ 2, Алсат М и ТВ 21), без разлика што во најголем број од случаите на едниот прилог следува прилог реакција за контратежа. Тоа можеби не влијае на вкупната слика на избалансираност на вестите, но се одразува на новинарското правило за консултирање на „двете страни“ во прилогот. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 3 до 14 октомври 2016 година.



Медиумската слика за политичкиот плурализам во Македонија е благо подобрена во однос на периодот од пред шест месеци, што е особено видливо од „омекнувањето“ на негативните појави што претходно беа многу присутни: заземање страна, пропагандистичко известување, демонизирање политички субјекти, вметнување политички маркетинг како дел од вестите. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 5 до 16 септември 2016 година.



Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува петтиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во период од 16 април - 7 мај 2016 2016 година.



Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува четвртиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во период од 12 март до 8 април  2016 година.



Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува третиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 06 февруари 2016 до 04 март 2016 година.



Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува вториот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 19 декември 2015 до 29 јануари 2016 година.



Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објавува првиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 23 ноември до 18 декември 2015 година.



  • За МОДЕМ +

    Мониторинг на медиумски содржини и изработка на анализи во предизборниот и изборниот процес. Повеќе

  • Методологија +

    Секоја актуелно-информативна програма или ТВ емисија се кодира во поглед на нејзините квалитативни и квантитативни карактеристики. Повеќе

  • Набљудувани медиуми +

    Се мониторираат девет национални телевизии кои емитуваат програма на македонски и албански јазик. Повеќе

  • Донатори и партнери +

  • 1
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1